Стоечки овации и три биса за Трпчески и Венгеров во „Карнеги хол“ во Њујорк

Стоечки овации и три биса за Трпчески и Венгеров во „Карнеги хол“ во Њујорк

пред 3 години

Со стоечки овации беа поздравени македонскиот пијанист Симон Трпчески и легендарниот руски виолинист Максим Венгеров на настапот во преполниот „Карнеги хол“ во Њујорк. Ова беше нивниот втор заеднички концерт. И двајцата врвни уметници со три биса ја поздравија публиката која уживаше во нивниот настап.

Трпчески и Венгеров лани првпат свиреа заедно на фестивалот „Музика мунди“ крај Брисел. Пред две недели свиреа во салата „Барбикан“ во Лондон, а в четврток ќе настапат на големата сцена на Париската филхармонија.

Share
Scroll to Top