Уметничкото дело наречено „Комедичар“, било дел од изложбата на Кателан „Ние“, која се состоела од зрела банана залепена на ѕидот во Музејот на уметноста во Сеул.
Откако студентот ја изел бананата, ја залепил кората на ѕидот.
Локалните медиуми објавија дека Музејот подоцна поставил нова банана на истото место. Од Музејот изјавиле дека нема да бараат отштета против студентот. Изложената банана се заменува на секои два или три дена.
Ова не е прв пат бананите што се користат за работата на Кателан да бидат изедени од посетител. Во 2019 , уметникот Дејвид Датуна ја извлекол бананата од ѕидот откако уметничкото дело било продадено за 120.000 долари во Арт Базел во Мајами. Бананата била брзо заменета и не било преземено понатамошно дејство.