Тајната на бројот 77: Лука Дончиќ ја побара за жена Анамарија

Тајната на бројот 77: Лука Дончиќ ја побара за жена Анамарија

пред 1 година






Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ вчера на 7. јули,  ја побара за жена долгогодишната девојка Анамарија. 24-годишниот Дончиќ, кој е во врска со Анамарија од 2016 година,  клекна пред 25-годишната Анамарија Голтес  и ја запроси. Словенецот во редовите на Далас го носи бројот 77, па токму и затоа го избра 7.7 за да ја запроси својата девојка која се занимава со манекенство. Двајцата се запознале во Хрватска во 2008 година , а осум години потоа и ја почнаа нивната врска. Долги години во низа летуваат на хрватската обала, а Дончиќ ја побара за жена на островот Раб.






Share
Scroll to Top