Тања Кочовска: Чистев скали за да преживеам како самохрана мајка

Тања Кочовска: Чистев скали за да преживеам како самохрана мајка

пред 4 години

Кога летоска на социјалните мрежи актерката Тања Кочовска објави дека мајка ѝ се изгубила во Градскиот парк, многумина тогаш дознавме дека Невенка Кочовска, познатата музичка дива од „Мањифико“, има Алцхајмерова болест. Тања вели: „Тоа е болест на целото семејство оти сите минуваме еден тежок период. Единствено што не заборавила – не само убаво да пее, туку и  школски точно да нè поправа кога грешиме. И јас тогаш ќе ѝ речем: ‘Ама ти имаш или немаш Алцхајмер’“, вели Тања Кочовска.

Ова е само дел од интервјуто за „Репортер“ во кое таа зборува за сè. За љубовта со Предраг, која почнала во Театарот за деца и младинци, до ноќта, кога во пет часот во кафеана, ја побарал за жена: „Аха, да бе, важи, му викам, ја со дете од друг маж, ти па сигурно за жена ќе ме земаш“, искрена е Тања.

„Ама, ете, се зедовме. Ме нервира често оти е многу смирен, не знае да пее, ама тоа ти е, 25 години сме заедно“, низ насмевка раскажува Тања.

Низ разговорот дознавме многу: Од тоа кога во екот на најголемата популарност на „Макфест“, кога сите мислеле дека сè ѝ е идеално, а таа била скарана со домашните, па живеела под кирија и чистела за да заработи, до денес кога е мајка на Александар и Нела, за кои вели: „Никогаш нема да дозволам да се скараат“. Зошто мајка ѝ ја оставила на шест месеци, а ја видела на една година, како е да се има и маж и колега, дали „Твојте очи мој сине“ е за бившиот маж или така се совпадна, од каде е толку еластична за да прави во вода салто мортале… гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

Share
Scroll to Top