Украинки продаваат голи фотографии, а со собраните пари и помагаат на украинската војска

Украинки продаваат голи фотографии, а со собраните пари и помагаат на украинската војска

пред 2 години

„TerOnlyFans“ е интернет платформа на која Украинки, но и неколку Украинци собираат пари за своите разголени фотографии за да и помогнат на украинската војска.

Во изминатите три месеци собрале речиси 665.000 евра. Настасја Наско (23), основачот на оваа иницијатива за Business Insider изјави дека тоа се случило сосема случајно.

Имено, неколку дена откако Русија ја нападна Украина, Настасја на Твитер праша дали некој може со автомобил да ја евакуира нејзината пријателка од Харков. Откако никој не и одговорил, таа напиша дека својата гола фотографија ќе ја испрати на секој што ќе помогне. По пет минути и се јавиле 10 луѓе, а целата акција завршила успешно. Нејзината пријателка побегнала од градот, а Настасја ги испратила голите фотографии.

На профилите на TerOnlyFans има 35 жени и тројца мажи. Платформата беше лансирана неколку денапо Денот на жената. Моделот на апликацијата е сличен на OnlyFans и се базира на претплати. Парите собрани на TerOnlyFans, пишува Business Insider, одат директно во украинската армија. Најголем дел од парите се за територијална одбрана, но дел од приходите, се испраќаат и за здруженија кои помагаат на бегалците и животните.

Разликата во однос на OnlyFans, објаснува организаторот, е што TerOnlyFans не прифаќа барања за конкретни фотографии.

Наско е девојка од Белорусија. Пред војната живеела во Киев, а по руската инвазија се преселила во Варшава. Таа изјави за Business Insider дека е горда на нејзиниот уникатен начин на собирање донации за Украина.

Share
Scroll to Top