(Фото) Бившиот на Кортни Кардашијан доживеа сообраќајка

(Фото) Бившиот на Кортни Кардашијан доживеа сообраќајка

пред 4 години

Бившиот дечко на Кортни Кардашијан, Скот Дисик доживеал сообраќајка во саботата. Се здобил со помали потсекотини на главата откако се превртил со Ламбурџинито во Калабасас во Калифорнија. Скот одбил лекарска помош на местото на несреќата, пишува TMZ.

dobivaj vesti na viber

За потсетување, Скот и Кортни беа заедно од 2006 до 2015 година и добија три деца. Често прекинуваа затоа што ја изневеруваше. Во премиерната епизода на новата серија на „Кардашијан“, тој зборуваше за односот со Кортни.

„Сега кога Кортни ја најде среќата со Тревис, колку и да ми е тешко, ми дава простор за конечно продолжам понатаму“, рече Скот. Кортни во мај се омажи за Травис Баркер во Италија.

Share
Scroll to Top