(Фото) Кортни Кардашијан и Тревис Баркер по трет пат се венчаа во италијанското одморалиште Портофино

(Фото) Кортни Кардашијан и Тревис Баркер по трет пат се венчаа во италијанското одморалиште Портофино

пред 2 години

Кортни Кардашиjaн и Тревис Баркер по трет пат разменија свадбени завети на романтична церемонија во италијанското одморалиште Портофино. Откако најстарата сестра Кардашијан го шокираше светот со темно, бизарно издание за гала вечерата пред свадбата,а  сега направи далеку поубав и поелегантен избор.

dobivaj vesti na viber

Кортни до олтарот ја придружувала нејзината мајка Крис Џенер, а таа носеше едноставен бидермаер од црвени и бели рози.

Кортни беше облечена во ултра кратката бела венчаница на Долче и Габана изработена од комбинација на тантела и сатен, која всушност беше во форма на корсет што ја истакна и затегна фигурата на Кортни. Она што беше најизразено на нејзе беше долгиот превез на кој беше извезена фигурата на Богородица, како и цветните мотиви.

Кортни го комплетираше изданието со проѕирни ракавици, бели салонки и дискретни дијамантски обетки.




Share
Scroll to Top