(Фото) Мајко сакам да ти се извинам: Вучиќ со емотивна порака за роденденот на мајка си

(Фото) Мајко сакам да ти се извинам: Вучиќ со емотивна порака за роденденот на мајка си

пред 3 години

Српскиот претседател Александар Вучиќ со емотивна порака и честиташе роденден на својата мајка. Тој објави на „Инстаграм“ слика од нив двајцата од пред четириесет години, кога тој бил дете и ѝ се извини затоа што немал време за неа.

„Ова на сликата сме мајка ми и јас, сепак, пред четириесет години. Денес на Анѓелина, мајка ми и е е роденден. Покрај честитките сакам да ѝ се извинам што никогаш немав доволно време за неа, никогаш не знаев како да покажам толку многу љубов, како што таа несебично ми ја даде на мојот брат и мене и да ги замолам сите луѓе да не прават грешки во однос на нивните родители каква што направив јас и за која денес се каам. Најголемата од нив е дека се  друго за мене отсекогаш било поважно од вниманието што требало да го посветам на мајка ми, барем илјадатиот дел од она што таа ми го даде. И, да, некои ми велат, добро, тие се стари луѓе, а мојот одговор е дека мајката и таткото никогаш не се стари. Мајко, да си жива и здрава и се надевам дека твоите внуци ќе ти вратат барем дел од она што не ти го дадов“, напиша Вучиќ.

Share
Scroll to Top