(Фото) Тамара под гради си ја истетовира химната

(Фото) Тамара под гради си ја истетовира химната

пред 3 години

Поп-пејачката Тамара Тодевска под гради ја истетовира строфата од химната што ја згреши пред една година на настапот во американската амбасада. „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“, стои во тетоважата што ја направи денес и ја покажа на „Инстаграм“.

„Ветено, сторено“, напиша пејачката.

Тамара неодамна во интервју за Репортер првпат прозборе за згрешената химна, заради која многумина ѝ се налутија. Таа призна дека и сега не може да си ја прости грешката и нејзината непрофесионалност, но ни рече дека ништо не било намерно како што се зборуваше во јавноста долго време.

„И сега се нервирам кога ќе се сетам на тоа. Не можам да го заборавам тоа утро кога ме разбуди сопругот да ми каже што сè се пишува за мене. Реков, добро, ќе се извинам, ќе си кажам како е, ќе ме сфатат. Но, не. Никој не ти верува. Не можам да си ја простам мојата непрофесионалност,  јас го згрешив текстот кој мислев дека го знам. И како да докажам дека е така и дека не сум се продала како уметник за никакви пари“, ни раскажа Тамара во интервјуто.

Share
Scroll to Top