(Фото) Туристка се породи во Национален парк во Хрватска, не знаела дека е бремена

(Фото) Туристка се породи во Национален парк во Хрватска, не знаела дека е бремена

пред 1 година

Tуристка се породи во Лугарница во Националниот парк Пакленица во Хрватска. Жената родила девојче, а претходно не знаела дека е бремена. Девојката за која не е познато од каде е, се породила сама во тоалетот во Лугарница.

„Кога стигнавме, породувањето беше во завршна фаза. Таа се породи сама во тоалетот во Лугарница“. откри детали една од докторките која пристигнала да ѝ помогне на девојката која првично била во емотивен шок.

За убавата вест објави и спасувачките служба на социјалните мрежи.

„Пред пристигнувањето на тимот на ХГСС, млада странска државјанка со асистенција на персоналот на Националниот парк роди девојче. Мајката и новороденчето безбедно беа пренесени во кањонот, каде што беа предадени на тимот на ХМП“, напиша од ХГСС.

Директорката на НП Пакленица, Наталија Андачиќ, рече дека родилката не знаела дека е бремена и дека за среќа во спасувачката екипа имало и гинеколог.

„ХГСС ги превезе мајката и бебето до патот, бидејќи има многу за пешачење од Лугарница, каде што се породила жената. Дојде брза помош и ги однесе мајката и детето во болница. Се беше добро на теренот, и мајката и детето беа добро“, рече Наталија за „Индекс.хр“.

Share
Scroll to Top