Харис Џиновиќ пред неколку години се всели во луксузна вила во Сењак, која ја градеше за себе и за своето семејство од 2017 година.
Се пишуваше дека во својот нов дом вложил два милиони евра, a работите траеле многу долго бидејќи постојано ги менувал плановите. Како што изјави и пејачот, веќе изградените ѕидови биле срушени за се да се вклопи во неговата визија за идеален дом. Куќата има околу 930 метри квадратни, а неговата ќерка Џина во една прилика покажа дел од куќата.
Хирс не штедел за уредување на својот дом, а за џакузито на пространата тераса потрошил дури 7.000 евра. Пејачот во куќата има и свое студио што било едно од првичните барања кога се правел прокетот за куќата.
„Бидејќи вилата има повеќе од 930 квадратни метри, сосема беше извесно дека ќе има простор и за неговото студио. Најверојатно ќе биде на вториот кат со целата потребна звучна изолација за да не го наруши мирот во куќата со пеење ако децата сакаат да учат. Вратите на неговото студио ќе бидат отворени и за неговите колеги. Опремата доаѓа од музички компании кои ги опремуваат најдобрите светски студија“, рекол тогаш изворот.
„Голема дневна соба, бројни соби, ходници и детски соби, опремени според желбите на Џина и Кан, ќе бидат само дел од она што ќе го сочинува овој дом, кој Харис реши да си го дозволи по многу години на сцената. Куќата има и теретана, сала за забави, спа центар“, изјави тогаш изворот.
Бидејќи со години живеел во Франција, Харис, според медиумите, во новиот дом има детали кои ги донел од Париз, местото каде што имал ресторан пред многу години.