Холивудската глумица Џина Дејвис има коефициент на интелегенција 140

Холивудската глумица Џина Дејвис има коефициент на интелегенција 140

пред 2 години

Познатата глумица Џина Дејвис родена како Вирџинија Елизабет Дејвис, од Масачусетс, има коефициент на интелеенција 140. Иако многу ретко се појавува во јавност, неодамна беше видена со ќерка ѝ во Санта Моника. За неа вели дека мажите ретко ја забележуваат и дека не искачала многу.

„Момците никогаш не ме гледале и не сум им била привлечна. Првиот пат кога еден ме праша да излеземе, беше трета година во средно. Си реков дека сега тоа е тоа и дека ќе морам да почнам да излегувам. Но, оттогаш никој не сакаше да излегува со мене“, рече Џина.

Џина има завршено гимназија во Шведска и рече дека за брзо го има совладано јазикот. Знае да свири и на флејта и да шие. Кога се вратила во САД, некое време живеела во Бостон, а потоа се преселила во Њујорк, каде ја чекале неколку улоги. Вели дека работела како келнерка и продавачка, но и како модел.

Објасни дека висината која ја имала и која ја сметала за хендикеп, на крај ѝ се исплатила. Направила неколку фотосесии за реклама за долна облека на „Викторија Сикрет“. Нејзиниот талент го забележал режисерот Сидни Полак, кој ѝ ја доделил главната улога во филмот „Тутси“ од 1982 година.

Во филмот играше со глумецот Дастин Хофман. Филмот доживеа голем успех. Критичарите брилијантно одговорија, а Џина беше охрабрена да продолжи да глуми.

„Тоа ми беше првата улога за која бев на аудиција. Веднаш потоа ме испратија во Париз на манекенство. Не ни сонував дека ќе ме ангажираат за филм. И тогаш ми стигна телеграма. Луѓето во мојот роден град не можеа да поверуваат, па мајка ми смирено им објасни на сите.

„Мојата Џина дипломираше глума“, изјави Џина, која подоцна продолжи да глуми во Лос Анџелес.

„Бафало Бил, „Флеч“, „Случајни туристи“ кој и донесе Оскар за најдобра споредна женска улога, и култниот филм „Телма и Луиз“ на Ридли Скот, во кој глумеше заедно со Сузан Сарандон и Бред Пит, ја зацементираа нејзината ѕвезда статус.

„По филмот „Телма и Луиз“ жените ме доаѓаа да ми ја раскажат својата приказна. Дури тогаш сфатив колку малку им даваме можности да искусат такво нешто во филм. Дека можат толку страсно да се идентификуваат со ликовите и чувствуваат дека сами ја контролираат својата судбина“, рече Џина за влијанието на феминистичката сага што нејзе и на Сузан, со која сè уште е многу блиска ѝ донесе номинација за Оскар.

Џина, која играше и во хит серијата „Вовед во анатомија“, беше мажена четири пати. Со Реза Дарахи, Рени Харлин, Џеф Голдблум и Ричард Емола, со кого бракот ѝ се распадна бидејќи тој ја претпочиташе угостителската работа, а таа холивудската слава.

„Реза беше сосема поинаков од мажите со кои излегував порано. Ме привлече на прв поглед. Но, сериозната врска со него изгледаше невозможна. Се сеќавам ќе си речев дека ‘Овој тип е сладок, но лудо млад’. Да бидам искрена, од почетокот му пристапив чисто лежерно, гледајќи на тоа како малку забавно. Не размислував премногу за иднината. Но, како што поминувавме сè повеќе и повеќе време заедно, се покажа дека разликата во годините и не е толку важна“, рече Џина.

Со Реза во 2002 година на 46-годишна возраст ја доби ќерката Ализе, а две години подоцна роди два сина, близнаците, Киан и Каис. Набрзо доби Златен глобус за улогата во серијата „Главен командант“.

„Сè што посакував ми се оствари. Само дваесет години подоцна отколку што очекував“, рече таа.

Џина пред неколку години се разведе од четвртиот сопруг, кој по професија е пластичен хирург. Нивната венчавка не беше официјална, туку церемонија на која си ги размениле заветите. Затоа по разводот не морала да го дели богатството со него кое се проценува на 38 милиони долари.

Share
Scroll to Top