Хороскоп за 8 февруари: шкорпијата има проблеми со пријателите, продуктивен ден за стрелецот

Хороскоп за 23 март: тајна љубовна врска за лавот, пари за ракот

пред 2 години

Овен
Некои зделки од кои можеби премногу очекувавте, сега се во мирување и тоа ви ги нарушува плановите. Љубов: се чувствувате како да ви ја ускратуваат љубовта што ја заслужувате. Работа: имате впечаток дека бавно напредувате и дека ништо не ви оди како што треба. Здравје: чувствително грло.

Бик
Почекајте го вашиот момент. Не правете ништо набрзина. Имате впечаток дека луѓето околу вас ви го крадат времето и ве искористуваат, а тоа ве депримира повеќе од вообичаено. Љубов: оддалечени сте од партнерот во секоја смисла. Немате време да се посветите на емоциите. Работа: окупирани сте со финансии, многу повеќе од самата работа. Здравје: немате поголеми проблеми.

Близнаци
Денес имате изразен пад на концентрацијата и тоа може да влијае на се што правите. Љубов: задржете се кога се во прашање емоциите. Работа: незадоволството веќе е јасно видливо. Здравје: чувствителност на желудникот.

Рак
Ако ги немате вистинските информации, не ризикувајте. Можеби премногу сте им верувале на некои луѓе од кои очекувавте помош и сега може да се чувствувате разочарани. Љубов: доколку сте во долга врска, тоа не е многу поволен период. Ќе имате успех кога се парите во прашање. Здравје: добро.

Лав
Ќе ја добиете потребната помош, но од вас зависи дали ќе успеете да признаете дека ви треба помош, па затоа и да ја прифатите. Љубов: тајни врски и враќање во времето. Работа: можност за активирање на некоја работа на која веќе сте заборавиле. Здравје: респираторни проблеми.

Девица
Ќе имате одлични шанси за профит. Имате поволна можност за нарачка, но потребна е ваша иницијатива и поголем интерес. Љубов: можноста да запознаете личност според вашите потреби. Работа: поволен период е за започнување нов бизнис. Здравје: проблем со нозете. Шетајте повеќе.

Вага
Предизвиците се пред вас и се чувствувате како вашата кожа да е затегната. Премногу сте чувствителни, но времето и грижата ги насочувате кон другите, без разлика дали се приватно или професионално, и на тој начин си го олеснувате себе си. Љубов: нема да можете да го скриете напливот на емоции. Работа: работете на вашите лични односи со луѓето околу вас. Здравје: нервоза.

Шкорпија
Понекогаш треба да ја проголтате гордоста. Само што работите не се секогаш толку одлични како што би сакале да бидат. Љубов: вложете труд во вашата врска бидејќи само поминување време заедно не е доволно. Работа: во наредниот период ве очекуваат бурни и напорни преговори. Здравје: ослободете се од лошите навики.

Стрелец
Ако има некој што ви се допаѓа долго време, тогаш ќе имате можност да разговарате со него и да дознаете многу работи што ве интересираат. Љубов: ако барате љубов, нахранете го умот и дружете се. Работа: ќе можете да покажете што навистина вредите. Здравје: посетете стоматолог.

Јарец
Завршете ги сите работи што сте ги започнале за да имате доволно време за одмор бидејќи ви треба сега. Љубов: не играјте туѓа игра, туку посветете се на вашата врска со партнерот. Работа: не можете да напредувате седејќи дома. Здравје: поплаките што ги чувствувате бараат посета на лекар.

Водолија
Потребна ви е поголема самодоверба, но не одете во крајности. Долго ги прикривате проблемите и ги туркате под тепих, а тие сами нема да се решат. Љубов: новите емотивни познанства не ве исполнуваат. Работа: подобро успори малку. Здравје: исфрлете од исхраната се што ве мачи.

Риби
Во претходниот период бевте загрижени за финансиите, а сега ве очекуваат неочекувани трошоци. Љубов:  премногу размислувате за минатите врски или конкретно за една врска. Работа: почнува периодот кога ќе можете да ги видите резултатите од вашата работа. Здравје: избегнувајте физичка работа.

Share
Scroll to Top