Дејана Бачко од Србија која е родена без раце, стана мајка. Таа на социјалните мрежи е потпишана како „Девојка со крила“ каде сподели фотографии од нејзината ќерка Лара која ја доби со партнерот Марко.
Лара е здраво женско бебе од 2510 грама и 46 сантиметри, чие име има моќна симболика, односно е симбол за победа и слобода.
Дејана е академнски образован сликар и спортист, односно таа е шампионка во паратаеквондо, а се занимава и со стрелаштво.