Швајцарска железничка компанија објави дека поставила светски рекорд со најдолгиот патнички воз кој поминува низ една од најспектакуларните линии низ Алпите. Компанијата Rhaetian Railway објави дека возот е долг дури 1,9 километри со 100 вагони и четири локомотиви на релација Албула/Бернина од Преда до Бергин.
Таа пруга, впишана на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 2008 година, минува низ 22 тунели, од кои некои се спирални, преку 48 мостови, вклучувајќи го и познатиот вијадукт Ландвасер.
Патувањето по пругата долга 25 километри трае еден час. Вљубениците во возот можат да го видат и овековечат патувањето со камера.
Директорот на железницата Ренато Фашати рече дека целта на поставувањето на рекордот е да се истакнат швајцарските инженерски подвизи и да се прослават 175 години швајцарски железници.