Јуан МекГрегор и Хајден Кристенсен заедно во „Оби-Ван Кеноби“

Јуан МекГрегор и Хајден Кристенсен заедно во „Оби-Ван Кеноби“

пред 4 години

Актерите Јуан МекГрегор и Хајден Кристенсен ќе ги репризираат улогите на Дарт Ведер и џедај во новата минисерија на Дизни, „Оби-Ван Кеноби“. Снимањето на серијата ќе почне во април, а серијата ќе се прикажува на почетокот на 2022 година.

Во серијата ќе глумат и Џоел Еџертон, Кумаил Нанџиани, О’Шеј Џексон Џуниор, Бони Пиеси, Моузес Инграм, Индира Варма, Руперт Френд, Сунг Канг, Симоун Кесел и Бени Сафди.

Серијата „Оби-Ван Кеноби“ е само еден од повеќето проекти од приказната за „Војна на ѕвездите“ на коишто работат „Дизни“ и „Лукасфилм“. „Дизни плус“ веќе ги најави и „Лошите примери“ и „Книгата за Боба Фет“, како и третата сезона на „Мандалориан“ и уште еден филм во режија на Таика Вајтити кој за сега нема наслов.

Share
Scroll to Top