Познатиот знак Холивуд, поставен во Холивуд Хилс над Лос Анџелес, ќе биде изведен за да се обнови и да се подготви за прославата на 100-годишнината од неговото поставување. Работата ќе трае осум недели, објави Холивуд сајн траст, фондацијата одговорна за заштита на локацијата.
По темелното чистење под притисок, буквите високи 14 метри ќе се префарбаат и се очекува да се потрошат приближно 1.500 литри заштитна обвивка и бела боја.
„Овој знак е гордост на Лос Анџелес и со нетрпение очекуваме да се врати за да може повторно да заблеска во својата целосна слава на задоволство на обожавателите ширум светот на прославата на стогодишнината“, рече за американските медиуми Џеф Заринам, претседател на Холивуд сајн траст.