Сопругата на Џо Бајден, Неила, и едногодишната ќерка Наоми загинале во 1972 година, неколку дена пред Божиќ, а неговиот син Бо починал од тумор на мозокот во 2015 година.
Животот на правникот Џо Бајден (77), кандидат за американски претседател, го одбележаа трагедии. Џо во вторникот го посетил гробот на својот син во Јужна Каролина. Тој починал во 2015 година на 47-годишна возраст од тумор на мозокот. Но, не е тоа единствениот член од неговото семејство чиј гроб го посетил Џо непосредно пред изборниот ден.
Кандидатот на американски претседател во 1966 година завршил правен факултет, а набрзо откако ја зел дипломата ја побарал за жена својата долгогодишна девојка Неила Хантер. Се венчале истата година и го прошириле своето семејство со два сина, Бо и Хантер, а потоа и ќерката Наоми.
Сопругата му била најголема поддршка на Џо додека ја градел политичката кариера и имале идиличен брак и семеен живот. Но во 1972 година во време на празниците доживеале голема трагедија.
Само една седмица пред Божиќ, Неила тргнала на пазарење со своите син и ќерка, а додека биле во автомобилот во нив удрил камион. Сопругата и ќерката на Бајден починале на местото на несреќата, додека, пак, неговиот син бил тешко повреден.Неила и Наоми се погребани на гробиштата во Гринвил, каде што Џо подоцна го погребал и својот син.
Претседателскиот кандидат немал многу време за тагување по луѓето коишто ги изгубил, затоа што морал да се посвети на своите синови, а три години по трагедијата тој повторно нашол верба и љубов.
Ја запознал сопругата Џил, со којашто е во брак од 1977 година. Таа му помогнала во растењето на неговите синови, а во 1981 година ја добиле ќерката Ешли, којашто е социјален работник.
Синот Хантер (50) тргнал по стапките на својот татко, па завршил право и работи како адвокат.
Неговиот покоен син исто така завршил право.