Џамбо Агушев заврши во раце на Перо Антиќ: со труби се славеше за новиот мандат во КФМ

Џамбо Агушев заврши во раце на Перо Антиќ: со труби се славеше за новиот мандат во КФМ

пред 1 година

Перо Антиќ, деновиве беше реизбран за претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, па неговиот нов мандат  го прослави во една скопска кафеана. Претседателот и членовите кои го изгласаа се собраа да прослават, а најголемата фешта ја направија Џамбо  Агушеви. Џамбо сподели моменти од атмосферата па и јавно му честита на Перо за реизборот.

„Една слика милион зборови. Благодарност до Перо Антиќ за поканата да бидеме дел од неговата прослава за реизборот за претседател на КФМ. Човек со големо срце, Македонец кој си ги сака и почитува своите луѓе. Ти благодарам за прекрасниот подарок – дрес. Честитки и многу успеси во иднина“, напиша Џамбо.

Антиќ стана претседател на КФМ во 2019 година, откако претходната година ја заврши кариерата во дресот на белградска Црвена Звезда. Тој дојде на местото на уште една кошаркарска легенда, Петар Наумоски.

Share
Scroll to Top