Холивудскиот глумец Џони Деп е во врска со неговата адвокатка Џоел Рич, која е мажена и има две деца, пренесе Page Six. Рич го застапуваше Деп во судскиот процес за клевета против британскиот весник „Сан“.
Светските медиуми пренесоа дека Џоел во моментов е во процес на развод. Засега не е познато кога ја почнала врската со Деп.
Извор близок до нив потврди дека двајцата се заедно и дека почнале да се забавуваат прво во хотел, а потоа Џоел дошла во Вирџинија да го поддржи во судскиот процес против Амбер Херд, кога Деп беше застапуван од Камил Васкез.
Медиумите пишуваа дека Деп бил во врска и со Васкез, но таа ги демантираше тие шпекулации.
„Тоа е сексистичко. Жално е и разочарувачки, но не можам да кажам дека сум толку изненадена“, рече тогаш Васкез.
Иако голем број од фановите посакуваа Деп и Камил да станат пар, сепак адвокатката рече дека веќе некое време е во среќна врска со британски претприемач за недвижнини.