Холандското Министерство за земјоделство нареди колење на 200.000 кокошки, откако беше откриен високо патоген вирус на птичји грип на фарма во источниот град Пуифлијк.
Уништувањето на живината, вклучително и кокошките на фармите во радиус од еден километар, е второ по ред во Холандија овој месец, откако за прв пат беше откриена болеста Х5Н8 кај дивите птици, пренесува „Ројтерс“.
На холандските производители на живина им е наредено да ги чуваат птиците затворени за да се спречи ширењето на инфекцијата.