Косово викендов во карантин

пред 4 години

Косовската Влада воведе дополнителни мерки за заштита од ширењето на епидемијата на ковид-19, вклучувајќи карантин кој почнува од 20 часот вечерва и ќе трае до понеделник во 5 часот наутро.  Ќе бидат затворени сите бизниси, трговските и рекреативни центри, супермаркетите и угостителските објекти.

Исклучок ќе има за пекарниците, аптеките, малите продавници и бензинските пумпи, јавните и приватните здравствени институции, како и фирмите кои се занимаваат со производство, достава и продажба на неопходни производи.

Од вечерва до понеделник наутро, се забранува влез и излез во Приштина, во Косово Поле, во Гњилане, во Обилиќ, во Ѓаковица, во Подуево и во Штимље.

Според последните податоци, во Косово од 1.827 тестирања позитивни се 728 лица, што е 39 проценти од тестираните.

 

Share
Scroll to Top