Лудост на „Месталја“ – Солер со пенал хет-трик ги „урна“ Реал Мадрид

Лудост на „Месталја“ – Солер со пенал хет-трик ги „урна“ Реал Мадрид

пред 4 години

Во еден необичен меч на „Месталја“, Валенсија со три гола од пенал и еден автогол на Рафаел Варан стигна до шокантна 4:1 победа над Реал Мадрид за да ја прекине лошата низа од четири меча без победа.

А работите почнаа толку добро за „кралевите“ – Карим Бензема во 23. минута постигна фантастичен гол за водство на тимот на Зинедин Зидан. Меѓутоа до крајот на полувремето, „лилјаците“ направија пресврт – прво Карлос Солер го постигна првиот од трите гола од пенал во 35. минута, пред Варан да си постигне смешен автогол во 43. минута за 2:1.

Во второто полувреме беа досудени уште два пенали во 54. и 63. минута, кои Солер мирно ги реализираше за необичен триумф. Солер е првиот фудбалер во историјата кој постигнал хет-трик од удари од белата точка против Реал Мадрид.

Со победата, Валенсија скокна на деветтото место на табелата со 11 поени, додека Реал остана четврти со 16 поени, четири помалку од лидерот Реал Сосиедад.

Share
Scroll to Top