Лионел Меси е „единствениот број 1“ во светот на фудбалот, и вистински „сон“ е да се ига покрај него, вели хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ, во интересна изјава откако луѓето блиски на Антоан Гризман го обвинија Меси дека е главниот „проблем“ на Французинот во Барса.
Ракитиќ пристигна на „Ноу Камп“ од Севилја за 18 милиони евра во 2014 година и настапи во над 300 меча и постигна 35 гола, пред ова лето да се врати во Андалузија. Во овие години, тој освои четири титули од Ла лига и еден трофеј од Лигата на шампионите.
„Меси? 100 отсто фудбал. Не важно кој си, мораш да го гледаш и да уживаш во неговата игра. Тој е на поинакво ниво од сите други, со секоја чест за старите легенди. Да се одиграат 311 натпревар покрај него беше сон и вистинско уживање. Сакам само да кажам ‘Благодарам, Лео’, бидејќи и тој знаеше што значи за мене да игра со него“, вели Ракитиќ.