Внукот на Фитипалди ќе дебитира во Ф1 на местото на Грожан

Внукот на Фитипалди ќе дебитира во Ф1 на местото на Грожан

пред 4 години

Пјетро Фитипалди, резервниот возач на Хас Ф1 и внук на поранешниот светски шампион Емерсон Фитипалди, ќе добие шанса да дебитира во една Формула 1 трка како замена за Роман Грожан на Сакир ГП на истата патека во Бахреин.

Грожан вчера имаше среќа што остана жив во огнената топка во Бахреин, и поради изгорениците на прстите ќе паузира една трка. 24-годишниот Пјетро Фитипалди веќе две сезони е резервен возач во Хас и има доволно искуство со ВФ-20 болидот.

„Сите сме среќни што повредите на Роман се минорни по толку голем инцидент. Секако, не е идеално вака да ја добијам мојата прва шанса да се натпреварувам во Формула 1, но благодарам на сопственикот Џин Хас и шефот Гинтер Штајнер за нивната доверба. Со тимот сум долго време, работејќи на патеката и на симулаторот, така што нема да имам проблем со адаптирањето. Ќе го дадам мојот максимум“, вели Фитипалди.

Share
Scroll to Top