Бразилската фудбалска легенда Пеле прати проштална порака до италијанскиот идол Паоло Роси со порака дека „За жал, небото се полни со ѕвезди“.
Роси почина во средата и како светски шампион од 1982 година за него имаше огромен број на пораки од светот на фудбалот, а Пеле му се заблагодари за „пријателството и дарежливоста“ во интересна порака на социјалните мрежи.
„За жал во последните неколку денови, небото се полни со ѕвезди. Слушнав дека татко ти те носел во Фиренца за да ги гледаш моите пријателски мечеви со Фиорентина. Имаше само 10 години, која чест за мене! Ти благодарам за пријателството и за дарежливостас, Паоло. Господ да те пречека со отворени раце, пријателу“, пишува Пеле.
View this post on Instagram