Во ковид – центрите во земјава се лекуваат 971 пациент

пред 4 години

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 971 и има околу 400 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 580 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 37 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 99 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 70 во ковид центарот во Гостивар 35, а во Струга 31 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 52 пациент, во Кочани 23 во Кичево 10, Кавадарци 26, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот. 

Од МЗ наведуваат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од Министерството.

Share
Scroll to Top