Првиот гренд слем турнир во сезоната, Австралија опен, се соочува со непланирани проблеми. Сопствениците на „пентхаус“ апартманите во „Вестин Мелбурн“, не сакаат тенисерите задолжителниот карантин да го поминат кај нив.
Австралија опен треба да започне на 8.февруари. Учесниците треба да влезат во државата најдоцна до 17.јануари, за да можат да минат две недели во карантин. Во тој период тие пет пати ќе бидат тестирани на коронавирусот.
Сепак, организаторот, се соочува со непланирани прблеми. Сопствениџите на 36 апартмани во „Вестин Мелбурн“, планираат да покренат заедничка тужба против Австралија опен.
Тие тврдат дека не биле консултирани во врска со сместувањето на тенисерите, сметаат дека не може да се знае дали и кој од нив ќе биде заразен. Според нив постои здравствен ризик за целата заедница, поради што од Виховниот суд ќе бараат тенисерите да не бидат сместени во овој комплекс.
„Арогантно од нив е што не ни известија дека одлуката е конечна. Буквално не фрлија во оган. Постојат закони што треба да се почитуваат и постојат правни проблеми, поради тоа го искажуваме нашето несогласување“, рекол еден од сосптвениците на апартманите за австралиските медиуми.