Поранешниот прв човек на кинеската државна компанија „Хуаронг Ашет Менаџмент Ко“ е осуден на смрт, во еден од најпознатите случаи на корупција во земјата.
Ова денеска го соопшти судот во градот Тјенѓин на северот од Кина.
Лаи Ксијаомин е осуден за примање или барање мито во вкупен износ од 276,72 милиони долари во периодот од 2008 до 2018 година, кога бил и висок банкарски функционер, се вели во образложението на Народниот суд во Тјенѓин, а пренесува „Ројтерс“.
„Лаи Ксијаомин бил престапник и тоа крајно алчен“, се вели во соопштението на судот, во кое се додава дека штетата врз општеството е огромна, а злосторствата се исклучително сериозни и треба да бидат строго казнети во согласност со законот.
Лаи е осуден и под обвинение за бигамија, а тој беше исклучен од владејачката Комунистичка партија во 2018 година, кога против него беше покренато обвинението.
За коментар во врска со пресудата не било можно да се контактира со него или пак со неговиот адвокат, соопшти агенцијата.