Возачот на Мекларен, Лендо Норис на социјалните мрежи потврди дека позитивен на КОВИД-19 и дека се наоѓа во самоизолација. Британскиот возач објасни дека го загубил осетот за мирис и вкус, по што бил на тестирање.
„Поздрав до сите, се надевам дека сте добро. Вчера го загубив осетот за вкус и мирис и веднаш се самоизолирав и бев на тест. Сега сите со кои бев во контакт ќе мораат да одат во самоизолација следните 14 дена. Се чувствувам добро и немам други симптоми“, напиша Норис.
Норис е четвртиот Формула 1 возач кој имал позитивен тест од стартот на пандемијата, откако во текот на сезоната, Серхио Перез и Луис Хамилтон беа позитивни и пропуштија по една трка, а позитивен беше и поранешниот колега на Перез од Рејсинг поинт, Ленс Строл, но тој не пропушти трка.
— Lando Norris (@LandoNorris) January 5, 2021