Кире Лазаров со неверојатен рекорд на Светските првенства

Кире Лазаров со неверојатен рекорд на Светските првенства

пред 4 години

Македонската ракометна репрезентација синоќа со пораз од фаворитот Шведска (30-22) го започна своето седмо учество на Светските ракометни првенства. Токму на вчерашниот меч во Каиро капитенот на репрезентацијата, Кире Лазаров влезе во историјата.

Тој стана првиот играч кој постигнал гол на Светско првенство во четири различни декади.

Првиот негов погодок на Мундијалите беше во истата сала во која настапи и синоќа, во Каиро, во далечната 1999 година, како 19-годишник во последните секунди на мечот што Македонија го доби против Саудиска Арабија.

Против Швеѓаните вчера со полни 40 години гаѓаше со 50-процентна успешност, 5 гола од 10 обиди.

Share
Scroll to Top