Ориги го промаши невозможното, Барнли е првиот клуб кој славел на „Енфилд“ од 2017!

Ориги го промаши невозможното, Барнли е првиот клуб кој славел на „Енфилд“ од 2017!

пред 4 години

Иако цела сезона се мачат со повредите на дефанзивците, кризата во нападот на Ливерпул продолжи откако и покрај поседот од речиси 70 отсто загубија на „Енфилд“ со 0:1 од Барнли, прекинувајќи ја неверојатната домашна низа на англискиот шампион од 2017 година.

Со 13 обиди на голот само во првото полувреме, Ливерпул најголемата шанса ја пропушти преку Дивок Ориги, кој излезе само пред голманот Поуп, но не го погоди голот, туку само пречката.

Во второто полувреме, тој беше сменет со Мохамед Салах, а во игра влезе и Роберто Фирмино, но голот на Барнли остана сочуван, за во 81. минута да биде досуден пенал, кој Ешли Барнс го реализираше за Ливерпул да биде поразен дома првпат од 23 април 2017 година (кога Кристал палас победи со 2:1).

Ливерпул останува на четвртото место на табелата со 34 поени, дури 6 зад лидерот Манчестер јунајтед и 4 зад второпласираниот Манчестер сити, кој има натпревар помалку. Барнли пак, се 16-ти со 19 поени, седум над зоната за испаѓање.

Share
Scroll to Top