ВАР системот, но и судијата Мајк Дин, предизвикаа нова контроверза во Премиер лигата, откако на лондонското дерби меѓу Вест хем и Фулам (0:0), Томас Соучек доби контроверзен црвен картон.
Чешкиот фудбалер од средниот ред чекаше слободен удар на работ на шестнаесетникот кога се туркаше со напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ и по тоа што може да се види случајно го закачи со лактот. Судијата Дин по прегледувањето на ВАР снимките му даде директен црвен картон.
„Зборував со Александар по мечот и тој ми кажа дека дуелот беше фер и му благодарам за тоа. За жал, судијата имаше поинакво мислење. Сите кои ме познаваат знаат дека никогаш немам намера да го повредам ривалот. Навистина убав ферплеј потег од Александар“, изјави Соучек по мечот.
Со него се согласи дури и менаџерот на Фулам, Скот Паркер.
„Беше малку престрого, а вака фудбалот станува премногу стерилен. Мислам дека не беше црвен картон, но тоа е насоката во која се движи спортот“, изјави Паркер.
Soucek has just seen red for @WestHam after a VAR check for exactly they the same offence @CelticFC ‘s Scott Brown wasn’t punished for.
Intent doesn’t matter. Struck an opponent’s face with his elbow when not challenging for the ball.
Shame the @ScottishFA are corrupt AF#ftsfa pic.twitter.com/XDIyFKSzdV— Matt⚡️Honda ™ (@uberhonda) February 6, 2021
Mike Dean gav nyss ett rött kort till Soucek efter att han råkat armbåga mitrovic när han ska lyfta över armen över huvudet för att komma förbi. Vilken jävla horunge, kan vara den sämsta domaren någonsin pic.twitter.com/jzXiyvZGw3
— Jonathanwjonsson (@jontewinness) February 6, 2021