Вебер: Не знам дали Фетел има уште муниција

Вебер: Не знам дали Фетел има уште муниција

пред 4 години

Поранешниот колега на Себастијан Фетел, Марк Вебер вели дека е „нервозен“ околу иднината на Германецот, оценувајќи дека тој ги поминал најдобрите денови во Формула 1.

Вебер беше партнер на Фетел во доминантната ера на Ред бул од 2010 до 2013, кога Германецот четири пати во низа го победи за светската титула. По неуспешниот период во Ферари, Фетел сега е во Астон Мартин, но беше само 18. на саботните квалификации и Вебер вели дека нема да има многу шанси да ја воскресне кариерата.

„Малку сум нервозен, бидејќи прашањето е колку куршуми има уште во пиштолот? Не знам. Мислам дека ќе ужива што нема да е во Маранело, туку ќе е во британската атмосфера и култура, која ја сака. Дали тоа ќе донесе резултати, останува да видиме, бидејќи да бидеме искрени дава потпросечни перформанси, не е на почетокот на кариерата и е во тим кој во најдобар случај ќе се бори за средината. А, Себ не е човек за средината. Ќе мора да се справи со тоа да гради тим за иднината, но како ќе влијае тоа на мотивацијата?“, вели Вебер.

Share
Scroll to Top