Мото ГП: Квартараро ги победи Дукати, катастрофална трка за Вале Роси

Мото ГП: Квартараро ги победи Дукати, катастрофална трка за Вале Роси

пред 4 години

Фабио Квартараро во Јамаха е победник на втората трка од Мото ГП шампионатот, откако во последните четири круга на патеката Сакир во Бахреин, ја помина двојката на Дукати, Жоан Зарко и изненадувањето Хорхе Мартин.

Неизвесноста во Мото ГП шампионатот по отсуството на Марк Маркез уште еднаш се почувствува откако топ 15 мотоциклистите беа во пет секунди, што е најтесна разлика во историјата на Мото ГП шампионатот.

На крајот, Зарко во последниот круг од трката го помина колегата Мартин, додека четвртото место го освои Алекс Ринс, откако во претпоследниот круг го помина Маверик Вињалес. Зарко со ова претекнување го презеде првото место во генерален пласман со 40 поени, пред Квартараро и победникот од првата трка во Катар Вињалес со 36 поени.

Дебитантот Мартин имаше фантастичен старт, водејќи супериорно до пред последните четири кругови, кога Квартараро со својата Јамаха лесно го помина. Катастрофална трка имаше Валентино Роси, кој заврши на 16. место, откако стартуваше како 21., негов најлош старт во кариерата.

Share
Scroll to Top