Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман (30), третпат стана татко. Неговата сопруга Ерика ja роди ќерката Алба, која, исто како и другите две деца на фудбалерт, е родена на 8 април.
Првото дете на Гризман, ќерката Миа, е родена на 8 април 2016 година, а синот Амаро на 8 април 2019 година.
Веста за раѓањето на ќерката популарниот француски репрезентативец ја соопшти и на „Твитер“.
? Alba Griezmann 8 avril 2021 à 10h24. ❤️
— Antoine Griezmann (@AntoGriezmann) April 8, 2021