Македонскиот репрезентативец и фудбалер на „Наполи“, Елиф Елмас, доби портрет од Панчо од ДНК. На сликата што е во вид на графит, Елмас го носи дресот на репрезентацијата, а фотката ја објави на Инстаграм и му се заблагодари на Панчо за подарокот кој му го испратил во Италија.
Не е тајна дека Панчо и Елмас се одамна пријатели. Тие се дружат кога фудбалерот е во Македонија. Панчо, пак, пред секој натпревар на репрезентацијата, но и кога игра Наполи, го бодри Елиф преку социалните мрежи и често објавува слики и видеа од неговите голови.