Бејл контра тактиката на Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме!

Бејл контра тактиката на Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме!

пред 4 години

Тотенхем синоќа во 29-тото коло од Премиерлигата го победи Саутемптон со 2-1 со головите на Бејл и Сон. Тоа беше прв триумф на Спарси откако Жозе Мурињо не е на клубата на лондонскиот клуб.

Новинарите по средбата го прашаа Велшанецот во која насока сега треба да се движат „петлите“.

„Ние сме голем клуб. Мораме повеќе да се наметнуваме, повеќе да напаѓаме и тоа против Саутемптон го направивме“ рече Бејл што медиумите на Островот го протолкуваа како критика кон екс-стратегот.

Бејл имаше свој коментар и за опцијата Тотенхем да се натпреварува во Суперлигата.

„Што се однесува за мене, таа приказна е завршена и продолжуваме нормално понатаму. На нас играчите ни преостанува да му помогнеме на новиот тренер колку може да се снајде со екипата и да му ја олесниме работата“ рече тој.

Share
Scroll to Top