Специјалната известувачка на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, го оцени како неприфатлив потегот на косовскиот премиер, Албин Курти, кој како албански државјанин гласаше на изборите за новиот албански парламент.
Во објава на „Твитер“, Фон Кармон истакна дека многумина во Косово се жалат на мешањето на Србија и претседателот Александар Вучиќ, додека во исто време Курти гласа во соседната земја.
„Не можам да разберам за што станува збор. Од една страна, сите во Косово се жалат на мешањето на Србија или српскиот претседател Александар Вучиќ, а од друга страна, премиерот на Косово гласа во соседна земја. Тоа не е прифатливо. Барем не за мене“, напиша фон Крамон.
I cannot understand what this is all about. On one hand everyone in Kosovo complains about interference from Serbia or from President @avucic himself but on the other hand here does the PM of #Kosovo even vote in a neighbouring state. Not acceptable. At least not for me. https://t.co/J3ndibX1qq
— Viola von Cramon (@ViolavonCramon) April 25, 2021
Според албанските медиуми, косовскиот премиер Курти изјавил дека за Албанија доаѓаат многу подобри денови.
„Времето е убаво, вака ќе биде и до навечер. Посакувам што повеќе вакви убави и напредни денови да има Албанија и секој човек, што како и јас, има пасош на Албанија“, рекол Курти.
Сите избирачки места на парламентарните избори во Албанија беа затворени вечерва во 19 часот, пренесува албанскиот портал „Егзит њуз“.
Владејачката албанска Социјалистичка партија на Еди Рама, води на денешните парламентарни избори, со 46,9 проценти од гласовите, според излезната анкетата на албанската телевизија „Топ ченел“.
Албанија има околу 2,8 милиони жители, а прво на глас имаат 3,6 милиони граѓани, бидејќи може да гласаат и Албанци кои живеат и во други земји.
Албанците бираат 140 пратеници од 1.800 претенденти на 12 политички партии, коалиции или независни кандидати.