Претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, ќе се состанат на 16 јуни во Женева, соопшти денеска Белата куќа.
„Претседателите ќе разговараат за низа проблеми со цел повторно воспоставување на предвидливоста и стабилноста на американско-руските односи“, рече портпаролката Џен Псаки.
Бајден претходно изјави дека сака Путин да престане да се меша во изборите во Америка и да ги запре руските сајбер напади врз американските мрежи.
Вашингтон, исто така, очекува Путин да престане да му се заканува на суверенитетот на Украина и да го ослободи затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.