„Црвените ѓаволи“ постигнале договор со Санчо

„Црвените ѓаволи“ постигнале договор со Санчо

пред 3 години

Манчестер јунајтед постинале договор договор со Џејдон Санчо (21). Во наредните денови клубот од „Олд Трафорд“ ќе испрати официјална понуда до Борусија Дортмунд.

Минатото лето, челниците на Јунајтед одбија да платат 120 милиони евра за англискиот репрезентативец. Поради финасиската криза, во Дортмунд биле подготвени да прифата 90 милиони евра за Санчо, а на „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе можат за неколку милиони да ја намалат сумата.

Санчо е играч на Борусија од 2017 година, кога за осум милиони евра од младинската школа на Манчестер сити, пристигна во Дортмунд.

За четири сезони успеал да постигне 50 голови и да забележи 49 асистенции. Санчо има договор со Борусија до јуни 2023 година.

Share
Scroll to Top