Поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Алан Дершовиц, подигна повеќемилионска тужба против „Нетфликс“ и продуцентите на шоуто Jeffrey Epstein: Filthy Rich, затоа што смета дека во истото бил прикажан како сексуален предатор, пренесува CNBC.
Претходно, една од најпознатите жртви на педофилот Џефри Епстајн тврдеше дека била регрутирана како дел од трговија со секс и дека ѝ било наредено да има сексуални односи со неколку мажи, меѓу кои и поранешниот адвокат на Трамп.
Алан ги негирал ваквите обвинувања и дека кога било бил клиент на контроверзниот Џефри Епстајн. Продуцентите на шоуто направија интервју со Алан, за кој сметале дека бил дел од животот на Епстајн.
Сега познатиот адвокат тврди дека продуцентите го довеле во заблуда и дека свесно и намерно го злоупотребиле за да го наклеветат. Алан смета популарната серија на „Нетфрликс“ одлучила да ја изнесе само едната страна од приказната.
Сега тој бара 20 милиони американски долари оштета од „Нетфликс“.Од стриминг-платформата велат дека целосно стојат зад серијата и се подготвени за судска пресметка.