Од 4 јуни започнува производството на вакцината „спутник В“ во Србија

пред 3 години

Министерот за иновации, Ненад Поповиќ, денес соопшти дека производството на вакцината против коронавирус, „спутник В“ во Србија ќе започне на 4 јуни.

Тој ја обелодени таа информација на „Твитер“.

„ЕКСКЛУЗИВНО: Производството на @sputnikvaccine во Институтот Торлак ќе започне в петок, 4 јуни, со свечена церемонија на која ќе учествуваат високи државни функционери на Србија и Русија. Победуваме заедно!”, напиша Поповиќ.

Share
Scroll to Top