Тотенхем и Антонио Конте ги прекинале преговорите, објави Би-би-си. Вчера, англиските медиуми, тврдеа дека ситни детали го делат Кобнте од клупата на Тотенхем.
„Проблемот настанал кога поранешниот менаџер на Челси започнал да се сомнева дека Тотенхем ќе му го обезбедат потребниот буџет за засилувања“, пишува британскиот сервис, Би-би-си.
Исто така, Тотенхем не сакале да прифатат Конте да донесе четворица свои помошници, а проблем биле и нивните плати.
Газдата на Тотенхем, се сомневал дека Конте ќе работи на развојот на младите фудбалери, што е приоритет на клубот.
Како сега стојат работите, Конте нема да се пресели на „Вајт Харт Лејн“, а Тотенхем ќе продолжат да си бараат менаџер.