Барселона покажува сериозен интерес за левиот бек на Валенсија, Хосе Луис Гаја. Не се наведува колкава сума подготвиле на „Ноу Камп“ за евентуалниот трансфер. Според „Мундо Депортиво“, намерата на Барселона е да понуди пари и во Валенсија да го испрати Карлос Алења.
Гаја зад себе има одлична сезона, која му овозможи да биде стартер во репрезентацијата на позицијата лев бек, пред Џорди Алба, кој би му бил конкурент и во Барселона.
Роналд Куман мора да донесе уште еден играч на оваа позиција, откако Жуниор Фирпо не ги исполни очекувањата.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона, доколку не понуди сериозна сума на пари нема да може да го реализира трансферот, од проста причина што Гаја има уште две години од договорот со Барселона и клубот не мора да го продава по секоја цена во овој преоден рок.