Мото–трката во Јапонија е откажана поради коронавирусот

Мото–трката во Јапонија е откажана поради коронавирусот

пред 3 години

Организаторите на Мото ГП шампионатот соопштија дека трката за Големата награда на Јапонија се откажана поради пандемијата на коронавирусот. Таа беше планирана за 3. октомври годинава, а ќе ја замени трката за ГН на Америка која ќе се вози во Остин.

„Поради пандемијата на коронавирусот и ограничувањата при патувањата, во овој момент не беше возможно трката да се одржи“ се наведува во соопштението од организаторите.

Воедно донесена е одлука трката за ГН на Тајланд да се помести за една недела. Таа ќе се вози на 17. октомври.

Во актуелниот шампионат во генерален пласман води возачот на Јамаха, Фабио Квартараро со 131 бод, пред Жоан Зарко од Прамак Дукати со 109 и возачот на Дукати, Џек Милер кој досега собра 100 бодови.

Share
Scroll to Top