Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Извесно опаѓање на температурата ќе има во недела и понеделник.