Челси подготвиле 130 милиони евра за Лукаку

Челси подготвиле 130 милиони евра за Лукаку

пред 3 години

Емисари од „Стенфорд Бриџ“, во Милано, ќе се обидат да го убедат Ромелу Лукаку да се врати во Челси. „Спорт Италија“, тврди дека Интер нема да ја одбијат понудата која во пари и играчи изнесува околу 130 милиони евра. Прашање е само дали Лукаку сака да го напушти Интер.

Ромелу Лукаку со 30 голови и 10 асистенции беше клучниот фудбалер на Интер, во походот на шампионската титула во Серија А. Тој е играч на Интер од 2019 година, кога за 74 милиони евра пристигна од Манчестер јунајтед. Лукаку има договор со Интер до 30.јуни 2024 година.

Челси, покрај пари, за Лукаку биле подготвени да понудат еден или повеќе играчи. На трансфер листата се Марос Алонсо, Емерсон Палмиери, Давиде Запакоста, па дури и Тимо Вернер.

Сепак, Лукаку е тој што треба да реши дали ќе се врати во Челси. Сигурно е само дека „сините“ можат да му понудат поголема плата. Во Интер тој годишно заработува 10 милиони евра.

Share
Scroll to Top