Елмас им донесе победа на Наполи на контролата со Асколи

Елмас им донесе победа на Наполи на контролата со Асколи

пред 3 години

Само што влезе во игра, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна гол и им донесе на Наполи тешка 2:1 победа во контролниот меч со второлигашот Асколи.

Наполи први дојдоа во водство преку Лоренцо Инсиње по само 12. минути игра, пред Бидауи во 25. минута од мечот да израмни на 1:1.

Лучано Спалети му даде шанса на Елмас во 61. минута ставајќи го на местото на Фабијан Руиз и тој одговори со убав гол по една долга акција на „партенопеи“.

Share
Scroll to Top