Поранешниот ММА борец Брендон Шауб (38) спасил три деца од здробен автомобил по сообраќајна несреќа. Шауб наишол на сообраќајката во која настрадала мајката на децата, 26-годишната Ејми Гарсија.
Тој ги открива шокантните детали поврзани со несреќата:
„Дете од 6 или 7 години повикуваше на помош. Ми го покажа автомобилот и таму имаше уште две деца. Абтомобилот беше смачкан. Тука беше уште еден човек, најверојатно возач на камион и ние бевме првите на местото на случувањето. Го докршив прозорецот кој веќе беше скршен, го тргнав стаклото и ги извлеков децата од автомобилот“ открива Шауб.
Нивната мајка не ја преживеала несреќата, а за нејзиното убиство бил обвинет таткото на децата Сесар Ибан Торе за кого се претпоставува дека сакал да го убие целото семејство.
Инаку, Брендон Шауб својата ММА кариера ја заврши во 2014 година со скор 10-5, а најголемата победа ја запиша против Хрватот Мирко Филиповиќ.